Новиот регионален директор за земјите од Западен Балкан при Светска банка во посета на Македонија

Скопје, 26 јули 2017 – Светска банка ја назначи Линда Ван Гелдер за нов регионален директор за земјите од Западен Балкан. Таа доаѓа на местото на Елен Голдстин, која беше регионален директор од 2013 година. Г-ѓа Ван Гелдер ќе го води дијалогот за политики со шесте земји од Западен Балкан, со цел поддршка на реформските приоритети и напори за нивно пристапување кон Европската Унија. Пред стапување на оваа позиција, г-ѓа Ван Гелдер беше директор на одделот за стратегија и проекти за одржлив раст, финансии и институции, во чија надлежност се глобалните практики на Светска банка за макроекономија и фискален менаџмент, финансии и пазари, трговија и конкурентност, сиромаштија и еднаквост, и управување. Во периодот од 25 до 28 јули, Линда Ван Гелдер ќе престојува во Македонија. За време на нејзината посета ќе се сретне со претставници на Владата и останатите чинители во земјата со цел да се запознае со приоритетите на Владата и предизвиците со кои се соочува земјата. Г-ѓа Ван Гелдер исто така ќе разговара за областите поврзани со сегашната и идна поддршка од Светска банка, со фокус на финансиски услуги и анализи кои може да бидат поддржани во текот на следните две години. Повеќе информации за г-ѓа Ван Гелдер се достапни на следниот линк: http://ift.tt/2tMsfKw Тековната програма на Светска банка во земјата вклучува активно портфолио кое се состои од седум инвестициски проекти, во износ од 348,9 милиони долари. Поддршката на Светска банка се фокусира на областа на патната инфраструктура (вклучително безбедноста на патиштата и отпорноста на климатски промени), општински услуги, социјална заштита, образование, вештини и иновации и конкурентност во туризмот.

from World Bank Search – NEWS http://ift.tt/2u17OV6

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s